Ријана објави емотивна порака на Инстаграм за нејзината пријателка која починала од канцер.
– Овој Божиќ изгубивме прекрасна личност. Најголемиот дел од нашето пријателство, таа го доживеа во болница и во ординација на доктор. Оваа фотографија е од пред неколку месеци. Таа ме погледна и рече „Ри, канцерот се врати“. Никогаш нема да го заборавам стравот во нејзините очи тој ден – напиша пејачката.
Таа додаде дека сите се скршени поради нејзината смрт.
– Никогаш нема да бидеш заборавена. Те сакам, ангелу. Летај во мир – заврши Ријана.
ФОТО: Принтскрин