Светската музичка ѕвезда Ријана во исцрпен разговор за „Вог“ зборувала за своите модни и музички подвизи. Но, Ријана го коментирала и претседателот на САД , Доналд Трамп.
Мегапопуларната пејачка досега неколку пати јавно го прозвала претседателот Трамп.
Кога првиот човек на Белата куќа неодамнешното пукање во Ел Пасо го нарекол чин на кукавици кој е резултат на ментални проблеми, Ријана му одговорила дека погрешно го спелува тероризмот.
– Луѓето се убиваат со оружје кое легално го набавуваат. Ова едноставно не е нормално. Тоа никогаш не би требало да е нормално. А факт е дека е класифицирано како нешто поинакво поради бојата на нивната кожа? Тоа е шлаканица в лице. Целосно е расистички. Ставене Арапи со истотот оружје во тој ист Волмарт во Ел Пасо и нема шанси Трамп таму да би седел и да зборува во јавноста за ментални проблеми. Ми се чини дека претседателот Трамп во моментов е ментално најболното човечко битие во Америка – изјавила Ријана.