Кајли Џенер, рајалити ѕвезда и најмладата милијардерка раскина со раперот Тревис Скот.
Кајли Џенер и Тревис Скот дефинитивно се разделија, пренесува американскиот таблоид ТМЗ.
Ријалити ѕвездата и популарниот рапер беа во врска две години, а во февруари 2018 година ја добија ќерката, Сторми.
„Не се видени заедно во јавноста повеќе од еден месец, односно од премиерата на неговиот документарен филм „Look mom, I can fly“ во август годинава. Тој и се придружи на нејзината роденденска прослава во август и тие се обидоа да ги решат несогласувањата, но не успеаја“, пренесува порталот.
Кајли на бројни настани изминатите недели се појавила без партнерот, а така било и на венчавката на Џастин Бибер и Хајли Болдвин.
ФОТО: EPA / NINA PROMMER