Рита Ора се пофали дека во Задар ја гледале 60.000 луѓе, фановите ја открија лагата ФОТО

„60.000 луѓе во Хрватска. Ви благодарам, супер ми беше“, напишала пејачката.

2369

Пејачката Рита Ора (28), три дена после концертот во Задар, објави бројка со која ги разбесни следачите. Рита се „пофалила“ дека нејзиниот настап во Хрватска го следеле дури 60.000 луѓе, додека во реалноста, всушност, била само 5.500 присутни. Што значи дека ниту шест целосно исполнети сали во Вишњик, чиј капацитет е околу 9.000 гледачи за концерти, не би биле доволно за да се достигне тој број.

„60.000 луѓе во Хрватска. Ви благодарам, супер ми беше“, напишала пејачката и му се заблагодарила на хрватскиот моден креатор Зигман на креацијата што ја носела на концертот. За само неколку минути следачите ја затрупале со негативни коментари.

И додека повеќето нејзини обожаватели напишале под објавата дека „концертот бил фантастичен“, „како ја сакаат“ и колку се горди на неа, некои ја доведоа во прашање вистината за статусот.

Еден напишал кратко „60.000. Навистина?“. Уште еден корисник на Твитер учтиво ја напишал: „Рита, душо, бевме само 6.000“, додека некои биле малку повеќе директни со коментарите како „Што по ѓаволите? Тука нема 60 000 луѓе!“, со фотографија од концертот.

Инаку, на концертот имало 5.500 луѓе, траел само 50 минути, а Рита Ора танцувала со вкупно шест, наместо најавените 30 танчари. И покрај огромните пари кои се потрошени на рекламната кампања околу концертот, пејачката едвај пополнила нешто повеќе од половина капацитет на салата.

FOTO: Tviter/Printskrin

FOTO: 24sata.hr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...