По серијата катастрофални земјотреси што ја погодија Албанија, многумина се скршени. Пејачката Дуа Липа (24) и пејачката Рита Ора (29) огласија по повод трагедијата во која загинаа најмалку 28, а повредени повеќе од 600 луѓе.
Рита Ора отпатувала за Албанија, каде ќе му помогне на едно од семејствата да ја обнови куќата.
– Предлагам оние што можат, да најдат некое семејство, хуманитарна организација или некој друг начин за да помогнат во обновата на домовите на жртвите од катастрофата. Првото семејство што го избрав е Сала – открила пејачката.
Пејачите го објавија албанското знаме на социјалните медиуми и испратија пораки за поддршка.
„Скршена сум од вестите од Албанија. Моето срце и молитви се со Албанците. Ви ја праќам целата својата љубов во овие тешки моменти“, напишала Дуа Липа.
Таа навела дека ќе работи со албанските модни дизајнери на проектот, а приходите од тоа ќе бидат наменети за жртвите од земјотресот.
Тоа е најсилниот земјотрес во последните неколку децении, а го погоди главниот град На АлбанијаТирана и околината. Силен земјотрес ја погоди Албанија на 21 септември лани и оштети околу 500 куќи, а во земјотресот во 1979 година беше уништен северот на земјата, но ниту еден од двата земјотреси не предизвика жртви.
FOTO: Instagram/Printskrin