Ристоска го посочи Мијалков како главен организатор на масовното прислушување

1008
20160328 Monday specijalno javno obvinitelstvo katica janeva fatime fetai

Во кривичниот суд по неколкумесечно одлагање почна судењето за масовното прислушување „Таргет Тврдина”. Обвинитителката Ленче Ристоска рече дека ова е судски процес кој ќе испише нова историја во Македонија, ќе го одбележи времето и ќе остави силна порака за идните генерации.

Со ова обвинение, како што рече Ристоска, ќе се потврди она во кое граѓаните се сомневале: „Немој по телефон, можеби нѐ прислушуваат”. Обвинителката рече дека Сашо Мијалков, тогашниот директор на УБК, бил главен организатор на злосторничкото здружување кое прислушувало масовно без судски наредби.

– Искористувајќи ја функцијата, моќта и авторитетот, првин се обидоа да ја негираат ситуацијата велејќи дека не се автентични, за потоа да тврдат дека се сечени, лепени и монтирани – рече Ристоска.

– Обвинетиот Мијалков имал преглед на сите броеви кои биле предмет на незаконското следење на комуникациите – рече обвинителката.

Таа во воведниот говор кажа дека секој од припадниците на злосторничкото здружување имал своја улога и задача во групата. Првин, покрај Мијалков, во групата биле бегалецот Горан Грујевски, началник на петтата управа и Надица Николиќ, вработена во УБК. Подоцна на групата и’ се приклучиле Владимир Варелов, Марјан Шумуликоски, Силвана Златкова, Васил Исакоски и Валентина Симоноска.

По налог на Мијалков, а без судска наредба, било спроведено масовното прислушување. Овие вработени во УБК, ги транскриптирале разговорите и му ги предавале на Горан Грујевски, надвор од системот за следење на комуникациите. Варелов, според обвинението, внесувал лично телефонски броеви по налог на Грујевски. Сведокот Зоран Костовски, бил техничка поддршка на прислушувањето. Имал задача да креира на компјутерите кориснички имиња и лозинки и на барање на организаторите и челновите на групата, им дал пристап до прислушуваните материјали на нивните лични компјутери во работните простории./Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...