Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски со својот клуб Спортинг се победници во португалскиот Лига куп. Тимот од Лисабон синоќа во финалето одиграно во Брага, беше поуспешен од Порто на пенали со 3:1.
Пред изведувањето на ударите од 11 метри, Порто се наоѓаше пред триумф, но СПортинг со гол во втората минута од судиското надополнување се спаси од пораз.