Ристовски: Ниедна земја не можела да го уапси Груевски без распишана потерница

402

Заменик министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврдил дека Србија немала обврска да го задржи или да го уапси поранешниот премиер Никола Груевски во моментот кога тој поминувал, што во неколку наврати кажа и српскиот претседател.

– Колку што ми е мене познато, ниту еден официјален претставник од Владата на Република Македонија не упати критики за Србија, ниту побара објаснување за тоа зошто Груевски не бил уапсен – рече Ристовски, додавајќи дека ниедна земја не можела да го уапси додека немало потерница.

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски е осуден на две години казна затвор за случајот „Тенк“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...