Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски, по мечот со Јапонија (37-28) изјави дека противникот покажал брза игра и им предизвикал многу проблеми во одбраната, а победата била остварена потешко од тоа како изгледало на теренот.
– Јапонците ни правеа многу проблеми во одбраната, а повеќе од половина од головите ни ги дадоа од брз центар. Ги казнуваа грешките кои ни се повторија и од средбите со Србија. Победата е далеку потешка од тоа што изгледаше на теренот. Ова е прв натпревар, а како ќе одминува СП ќе бидеме подобри и подобри – изјави Борко по дуелот, кој на крајот забележа 20 одбрани.
Во однос на мечот со Бахреин, Ристовски изјави дека треба да бидеме внимателни, иако целата јавност очекува лесна победа.
– Не треба да нѐ фаќа еуфорија и да се залажуваме од резултатите, одиме чекор по чекор. Да не дозволиме оваа висока победа да не понесе – додаде голманот на Македонија.