Откако на крајот на септември најавија дека го очекуваат четвртото дете, пејачот Рики Мартин и неговиот 12 години помлад сопруг Џван Јозеф, сега ја споделија веста дека се родил нивниот син Рен Мартин-Јозеф.
Латино пејачот во септември ја прими наградата за поддршка на ЛГБТ заедницата, и тогаш најави дека тој и неговиот сопруг очекуваат принова.
Рики објави фотограгија на инста-стори, со опис
„ Денеска се роди нашиот син Рен Мартин-Јозеф.“
Тој е четврто бебе на парот, кој веќе ги има 11-годишните близнаци Матео и Валентино и 10-месечната ќерка Лусија.
Интересно е што нивната ќерка Лусија се роди минатиот декември, но парот објави фотографија од неа дури во август.
Парот засега не открива дали и кој од нив е биолошки татко на децата, а она што е познато е дека сите ги раѓаат сурогат-мајки. На овие прашања, пејачот секогаш одговара дека родители на неговите деца се тој и Јозеф, без да открива премногу детали околу биолошкиот момент.
Близнаците ги одгледуваше како самохран татко, а откако се венчаа со Јозеф, тие функционираат како вистинско големо семејство.
ФОТО: Инстаграм-стори/Принтскрин