Рики Мартин и неговиот сопруг го очекуваат четвртото дете ФОТО

Мартин беше почестен со Националната награда застапување на правата на ЛГБТК и неговата филантропија.

1645

Латино пејачот Рики Мартин (47) објави за време на 23-тата годишна Национална вечера за кампања за човекови права во Вашингтон овој викенд дека тој и сопругот Џван Јозеф очекуваат дете.

Мартин беше почестен со Националната награда застапување на правата на ЛГБТК и неговата филантропија. 11-годишните синови на парот беа во публиката.

– Моето семејство е тука. Џван, не те гледам, но мојот сопруг, Џван, те сакам. Моите убави близнаци, Валентино и Матео, тие исто така се тука. Те сакам со сето мое срце, ти си моја сила, ме инспирираш секој ден, ме мотивираш да продолжам да го правам она што го правам, а вие момчиња сте неверојатни деца. Вие сте неверојатни – рекол Мартин.

Тој исто така ја спомнал и својата осуммесечна ќерка Лусија, која останала со баба ѝ дома. Мартин ја нарекол „светлината на мојот живот“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...