Осумката од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше средба со в.д. помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Т. Рикер.
На средбата присуствуваше и амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнс.
„Нашиот конструктивен пристап како опозициска пратеничка група беше оценет како позитивен за развој на демократијата во нашата држава. Разговаравме за актуелните теми и понатамошната интеграција во ЕУ и во НАТО на Република С. Македонија. Ги споделивме своите размислувања, идеи и конкретни чекори кои сме ги презеле во правец на напредок на нашата татковина“, се наведува во соопштението од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ по средбата со Рикер.