Рикер на средба со градоначалничката на Битола

459

Во работна посета на Битола денеска ќе престојува Филип Рикер, вршител на должноста државен секератр на САД за Европа и Евроазија.

Рикер заедно со висока делегација од амбасадата на САД во Македонија ќе имаат средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Тоа ќе биде прва негова посета на Битола.

Засега не се соопштува поводот за посетата на Рикер, а од канцеларијата за односи со јавноста на битолската градоначалничка испратија соопштение до медумите дека на средбата нема да бидат дозволени прашања како и изјави за новинарите, пишува Нова Македонија.

Многумина во Битола оваа посета ја поврзуваат и со аферата „Рекет“ во која, како што изјави премиерот Зоран Заев на седницата на Собранието за пратенички прашања, мета на условувања од страна на инволвираните во оваа афера била и градоначалничката Наташа Петровска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...