Рикардо прогласен за виновен по судирот со Квајт

233

Пилотот на Рено, Даниел Рикардо ќе загуби три места на стартот на трката за Големата награда на Шпанија во Барселона.

Австралискиот возач е казнет поради инцидентот со ривалот од Торо Росо, Даниел Квајт на денешната трка за Големата награда на Азербејџан.

Двајцата пилоти на крајот испаднаа од трката.

Инцидентот во Баку се случи во 33. круг. Рикиардо забави пред кривината, не можеше да ја задржи линијата на движење, а потоа се удри во Квајт обидувајќи се да се врати на патеката. Тој изјави дека не го видел Русинот. 

ФОТО: EPA-SRDJAN-SUKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...