На Водно викендов ќе се одржи ридско-брзински натпревар, на кој се најавени 30-тина домашни натпреварувачи. За денеска се предвидени две тренинг сесии, со почеток во 10 часот, а в недела по 11 часот ќе се возат првата и втората трка.
Организаторите најавуваат враќање на Водно на автомобилистичкиот календар и бодување на трката за македонскиот државен шампионат.
Македонската јавност за првпат ќе може да го види новиот автомобил подготвен по ТЦР спецификација со кој Игор Стефановски Иџе настапува во европскиот шампионат. Љубителите, исто така, ќе имаат можност за промотивно возење.