Рејчел и Моника од „Пријатели“ за влакно се спасиле од страшна авионска несреќа

1941

Приватниот авион со кој вчера летале ѕвездите од „Пријатели“, Џенифер Анистон и Кортни Кокс, присилно слетал во Калифорнија откако му испаднало тркалото.

Другарките од култната серија, Рејчел и Моника, патувале на релација Лос Анџелес – Мексико, кога пилотот воочил дека има сериозен проблем и заклучил дека би било премногу опасно да продолжи понатаму.

Присилното слетување било неизвесно до последен момент, бидејќи како што пишуваат светските медиуми, авионот бил релативно полн со гориво што можело да предизвика последици при приземјувањето.

Затоа, според „Мирор“, пилотот морал со часови да врти во круг за да потроши добар дел од горивото пред драматичното слетување. На Твитер се појавија и фотографии од немилиот настан кој имал среќен крај со тоа што двете актерки и десетмината патници во авионот слетале безбедно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...