Угледниот чешки дневен весник „Лидове новини“ во своето утринско издание денеска ја објавува веста на агенцијата ЧТК под наслов: „Спорот решен? Северна Македонија“. Во веста се вели дека „Грција и Македонија се договорија да го окончаат долгогодишниот спор за името на бившата југословенска република Македонија со име Република Северна Македонија“. Се додава дека во Скопје тоа вчеравечер го објави македонскиот премиер Зоран Заев. Но тоа не значи дека договорот на премиерите ќе биде применет. Против договорот се опозициите во двете земји.
Грција поради името го блокира пристапот на соседните Македонци во Северноатланската алијанса и почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Обете земји водеа спор за името Македонија кое Скопје го прифати по распадот на Југославија во 1991 година. Грците интервенираа поради нивното наследство и поради скриените територијални барања на нивната источка провинција во северна Грција.
И словачкиот „Актуалити“ под наслов „Македонија и Грција се договорија за спорот околу името“ утринава опширно известува за овој настан, повикувајќи се главно на агенциите Ројтерс и Асошиетед прес. Во написот се вели дека Македонија и Грција постигнале договор за спорот кој трае четврт век околу името на постјугословенската република, што ги оптоварува нивните меѓусебни односи и ја попречува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Во поднасловот се извлекува делот од договорот според кој во иднина македонското државјанство треба да се именува како државјанин на Република Северна Македонија.
И водечкиот полски весник „Газета Виборча“ објавува опширен текст под наслов: „Македонија ќе го смени своето име? Историски договор со Грција“. Се пренесува дека „Македонија постигна историски договор со Грција за преименување на Рерпублика Македонија. Ако договорот се ратификува, ќе се оконча 27-годишниот судир околу името на Македонија што ги блокира напорите на оваа земја да се придружи кон НАТО и ЕУ“. Овој весник пренесува и делови од изјавите на двајцата премиери: „Имаме добар договор што ги исполнува сите предуслови што ги постави грчката страна“ – се пренесува дел од телевизиското обраќање на грчкиот премиер Ципрас.
„Веќе не постои спор“, лапидарно се пренесува дел од изјавата на премиерот Зоран Заев. „Газетаб виборча“ додава дека прелиминарниот договор помеѓу министрите на обете влади ќе биде потпишан во сабота на брегот на Преспанското Езеро коешто лежи на пресекот на границата помеѓу двете држави двајцата премиери: „Имаме добар договор што ги исполнува сите предуслови што ги постави грчката страна“ – се пренесува дел од телевизиското обраќање на грчкиот премиер Ципрас.