Речиси цела Венецуела е во мрак

777
ФОТО: EPA / RAUL MARTINEZ

Големи делови од Венецуела денеска се без електрична енергија по вчерашната хаварија на електродитрибутивната мрежа.

Претседателот на државата Николас Мадуро нареди училиштата, државните компании и служби да не работат денеска, за да се олесни работата на тимовите вклучени во поправките на мрежата за дистрибуција на струја.

Погодени се 22 од 23 венецуелски држави, и без електрична енергија е и главниот град Каракас.

Во Каракас е хаос по улиците и во болниците. Сериозни проблеми има и во водоснабдувањето и телефонските врски. Прекин на работата има и во неколку венецуелски телевизии.

Владата на Венцуела ги обвини САД за хаваријата и нагласија дека Вешингтон спроведува „електрична војна“ против Каракас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...