Поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски од утре до петок е на четири судски рочишта за предметите „Титаник“, „Траекторија“ и „Насилство“. Тој во судот нема да се појави само в среда, кога нема закажано судење.
Утре и в четврток Груевски треба да присуствува на судењето за предметот за изборни нерегуларности „Титаник“, кој поради процесни приговори на адвокатите неколкупати се одложува.
Во вторник треба да продолжи судењето за „Траекторија“ за провизиите за изградба на автопатиштата. В петок е закажано продолжение на судењето за предметот „Насилство“ кој иако е најстар и е отворен пред 2 години, никако да заврши со судска пресуда.