Секогаш е вистинско време да се почестите со вкусен десерт:
Состојки:
– 100 г ориз
– 750 мл млеко
– 4-5 лажици шеќер
– прстофат сол
Приготвување:
Сварете го оризот во вода три минути, а потоа исцедете го.
Во млекото додајте прстофат сол и ставете го да зоврие.
Додајте го оризот и загревајте на тивок оган додека оризот не го впие млекото, немојте да мешате.
Во варениот ориз додајте шеќер и внимателно промешајте за да останат зрната цели.
FOTO: Jutjub/Skrinsot