Референдумот во Македонија една од темите на состанокот на министрите на ЕУ

522

Министрите за надворешни работи на ЕУ утре ќе се состанат во Луксембург на седница на Советот за надворешни работи на ЕУ.

На дневен ред ќе се најде актуелната состојба во меѓународните односи, вклучувајќи ги и резултатите од 73-тото Генерално собрание на ОН.

Министрите ќе разговараат за референдумот, кој неодамна се одржа во Македонија, како и за изборите во Босна и Херцеговина, кои се одржаа на 7-ми октомври.

На дневен ред ќе бидат и миграцијата и ситуацијата во Либија.

Руски медиуми, повикувајќи се на шефот на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, јавија дека утре министрите официјално ќе ги одобрат новите санкции кон Русија за наводно користење хемиско оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...