Ретроградната политика на Силјановска

1733

Силјановска вели дека не била националист, ама била против законот за јазици, ќе создадел хаос. За нејзе и ВМРО ДПМНЕ е хаос, ако некој го користи својот мајчин јазик во комуникација со институциите.

Силјановска вели дека не била националист, а вели зошто Македонија да не биде само на Македонците. Реторика еднаква од времето на Милошевиќ.

Силјановска и Мицкоски велат дека не се националисти, но не ги повикуваат граѓаните Албанци да гласаат за нив, а Бошњаците погрешно ги именуваат погрешно како Босанци.

Силјановска вели дека не е против членство во НАТО, но е против Преспанскиот договор. Не објаснува како во НАТО без договор со Грција. За нејзе е прифатливо да останевме и надвор од НАТО и во панатамошна изолација, а заедно со Мицкоски се надеваат дека нема да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ.

Силјановска е против Преспанскиот договор, не го негува духот на Рамковниот договор и е против Законот на јазици, не објаснува која е алтернативата за патот кон НАТО и ЕУ, а нејзината визија за државата е да биде ексклузивно само на Македонците.

Ретроградна политика на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ. Во принцип се против сѐ што е интегративно и внатре во општеството и интеграциските процеси на нашата држава.

И да, за крај: Северна Македонија е и моја држава колку и нејзина. Само што јас ја сакам повеќе од нејзе.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...