Ресенчани разменуваа книги и муабети

141

Петнаесеттина преспанци вечерва во Ресен присуствуваа на втората размена на книги што ја организираше фејсбук групата „Размена на книги и книжевни муабети“.

Присутните, како што истакна Стефани Табаковска, иницијатор за размена на книги во Ресен, најпрво имаа можност да се запознаат меѓу себе, какви книги читаат, кои им се омилени наслови и што читаат во моментот.

– Интересот беше поголем од очекуваното. Бев позитивно изненадена. Во Ресен, како што посочија присутните, се чита и тоа од сите жанрови од фантастика до религиозна литература, оцени Табаковска

На денешната средба беа разменети околу 50-тина наслови, односно секој од присутните носеше по три до пет книги. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...