Ресенчанец вчера украл автомобил, по што се обидел да избега, но удрил во столб, информираат од МВР.
– На 13.08.2019 во 4 часот било пријавено дека во Ресен на улицата Борис Кидрич во правец на село Царев Двор автомобил „цитроен берлинго“, управуван од Е.К. (26) од Ресен, а кое тој претходно го украл, удрил во столб. По незгодата возачот го напуштил местотото на настанот, но по кратко време е пронајден. Е.К. од незгодата се здобил со повреди и му била укажана помош во ЈЗУ-Ресен. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен, велат од полицијата.