Република Српска забрани увоз на 10 тони мандарини од Турција поради пестициди

455

Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на 10.400 килограми мандарини по потекло од Турција, поради утврдено зголемено присуство на пестициди.

Како што соопшти Инспекцијата, пестицидите се откриени за време на редовна контрола при увоз на пратката.

– Со лабораториската анализа изработена од Институтот за вода во Бјелина, во анализираниот примерок мандарина утврдено е зголемено присуство на пестицидот „фенвалерат“, над вредноста пропишана со Правилникот за максимално ниво на пестициди во храната и сточната храната од растително и животинско потекло, се наведува во соопштението.

Увозникот побарал и супер анализа која е извршена во лабораторија во српскиот град Бечеј, со која е потврдено присуство на пестицидот, поради што е донесено решение за враќање на спорните пратки или уништување под надзор на надлежен инспектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...