Португалскиот фудбалер Ренато Санчес призна дека е незадоволен од времето кое го добива на натпреварите. Оваа сезона, тој помина 730 минути на теренот во 23 натпревари на сите турнири.
– Јас сум млад и морам да играм. Да добивам по пет минути воопшто не ми се допаѓа. Ајде да видиме што би било подобро за мене, да одам негде на позајмица или да го напуштам баерн засекогаш – изјави Санчес.
Дваесет и едногодишниот Португалец пред Баерн беше дел од Свонси, и Бенфика.
ФОТО: EPA / RONALD WITTEK