Ременски се жали: Новинарите пишуваа за мојот сопруг, но изоставија да спомнат дека сведочеше јатрвата на Шекеринска (ВИДЕО)

1637

Пратеничката Фросина Ременски во изјава за медиумите денеска се пожали дека вчера новинарите кои известувале во случајот „Рекет“ имале „хиперпродукција на информации“, меѓу кои имало и шпекулации и невистини како тоа дека на рочиштето ќе се појави таа како сведок, а и нејзиниот сопруг Јовче Ременски.

– Имаше информации со многу невистини и шпекуации, а изоставија да кажат дека сведочеше јатрвата на Радмила Шекеринска – реагира Ременски.

На вчерашното рочиште судијката Васка Николовска Масевска, врз основа на известување што го доставил адвокатот Сашо Душкоски до судот, извести дека одбраната ги повлекува од листата на сведоци Јовче Ременски, Дејан Панделевски и Владимир Тодоровиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...