Пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, пристигна во Кривичен суд, каде ќе треба да се произнесе пред судија на претходна постапка, откако вчера Обвинителството објави дека таа и уште три лица се новоосомничени во случајот „Рекет“.
Вчера Судот ѝ одреди куќен притвор на потпретседателката на Меѓународен сојуз Јасна Мандиќ, која исто така е новоосомничена во случајот.
За Ременски и за другите двајца, таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски и асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова, се предлагаат мерки на претпазливост, односно ќе им биде одземен пасошот, нема да смеат да ја напуштат државата, а еднаш неделно ќе треба да се јавуваат во суд.
Обвинителката Вилма Русковска вчера нареди претрес кај три лица.