Пратеничката Фросина Ременски, која синоќа на седницата на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ беше разрешена од партиската функција како потпретседателка на партијата, утрово преку се обрати преку социјалните мрежи велејќи дека вчерашните одлуки се донесе без грам суета туку како што личи на луѓе со интегритет и визија.
Освен Ременски од функцијата потпретседатели си заминаа и останатите петмина, како и сите секретари на партијата и членови на ЦО. Разрешувањето на потпретседателите е во претходна координација, односно тие самите уште по изборите си понудиле оставка.
„Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив!
Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира!
Предизвикот да се издржи на тој пат, колку и да е тежок и трнлив ја покажува вербата и посветеноста на тие идеи и цели, а не вербата во функциите!