Ременски: По една деценија добивме вистински претседател

263

По цели десет години добивме вистински претседател на сите граѓани избран на слободни, фер и демократски избори. Убедени сме дека претседателот Пендаровски ќе води напред, ќе биде водилка на напредокот, развојот и интеграцијата во ЕУ и НАТО и гарант на процесите кои обезбедуваат сигурна и стабилна иднина, изјави пратеничката од СДСМ и потпретседател на Собранието Фросина Ташевска-Ременски по обраќањето на новиот шеф на државата во Парламентот.

Таа истакна дека меѓу првите чекори кои ги очекуваат е Пендаровски да ги потпише блокираните закони кои, како што рече, се исклучително важни за граѓаните.

Ременски нагласи дека зад Пендаровски застанале граѓаните од сите етнички заедници во земјава и дека тоа е демократска вредност што го јакне заедништвото. Додаде дека очекува дека со неговиот избор тој да ги обединува и да ги сплотува граѓаните.

– Претседателот Пендаровски треба да биде коректив на власта, да укажува на евентуални грешки и со своето делување да биде пример за домашната и за меѓународната јавност. Со неговиот избор се заокружуваат демократските промени во нашата земја-режимот е целосно поразен. Се става крај на едно цело лошо извршување на мандатот, претседател на државата, заврши едно негативно поглавје од нашата историја обележано со молк за важните прашања, промовирање поделби помеѓу граѓаните, тензии, дискриминација и поддршка единствено на криминалните политики на режимот – истакна Ташевска.

На новинарско прашање зошто на инаугурацијата денеска не присуствуваше премиерот Зоран Заев, Ременски одговори дека тој веќе ги образложил причините кои се оправдани, а на прашањето зошто не бил поканет лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, таа рече дека ја почитувале востановената протоколарна практика во Собранието според која на вакви седници не се покануваат лидери на политички партии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...