Ременски поднела претставка до МВР за полицајците кои го вршеле претресот во нејзиниот дом

1692

До внатрешната контрола на МВР во изминатите дваесетина дена стигнала претставка од пратеничката и сè уште потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, која исто така е осомничена во случајот Рекет за активностите на Меѓународниот сојуз.

Ременски се жалела за постапувањето на полицајците кои по налог на обвинителсвото вршеле претрес во нејзиниот дом, јавува Телма ТВ.

Во домот на Ременски, како што беше објавено пред неколку дена, обвинителството вршело претрес и пронашло доверливи документи.

Подоцна оваа информација ја потврдија и од Обвинителството.

– При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што документите потекнуваат и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка. Документите што ги наведувате во вашето прашање не се пронајдени при претресот – одговорија оттаму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...