Ременски: Не чувствувам вина!

Ременски изјави дека ќе соработува со обвинителството за целосно расчистување на случајот, но дека нема намера да поднесе оставка од функциите сѐ додека не се докаже нејзината вина.

1170

Пратеничката Фросина Ременски рекла дека не чувствува вина за наводите од истрагата за нејзина инволвираност во проширената истрага за случајот „Рекет“, која се однесува на невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, каде таа беше почесна претседателка. Таа очекува Обвинителството да го докаже тоа што ѝ го става на товар.

– За улогата во Меѓународен сојуз веќе дадов одговор и немам намера да се повторувам. Преголемото прејудицирање на инволвираност на политичари од страна на пристрасни медиуми во изминатиот период без при тоа од мене како прозивано лице да се побара од медиум, кој било, информација и изјава, јас го чувствував и го чувствувам како лицитирање за некаква инволвираност и вклучување на политичар во целиот процес и затоа ќе се воздржам од сите коментари кои се однесуваат и во делот на етиката на известувањето на новинарите по однос на мојата улога или било што поврзано во изјавите во медиумите со мене, затоа што одговорно тврдам со исклучок на дел професионални медиуми, многу од медиумите не ги почитуваа основните етички правилс на известување во новинарството. Се прејудицираше вина, се ставаа на товар работи кои што немаат никаква допирна точка ниту доказ поврзани со ова што гледаме денеска и затоа мислам дека ќе биди прилично несимпатично јас сега да ви се правдам за некои информации кои вие претходно сте ги прејудицирале во јавноста  – рече таа денеска по давањето исказ пред судија на претходна постапка.

Ременски изјави дека ќе соработува со обвинителството за целосно расчистување на случајот, но дека нема намера да поднесе оставка од функциите сѐ додека не се докаже нејзината вина.

Обвинителката Вилма Русковска за Ременски побара мерки на претпазливост. Во текот на денот ќе се знае дали ова барање ќе биде прифатено од Кривичниот суд.

На новинарско прашање што мисли за изјавата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев дека ќе биде исклучен од партијата секој што се огрешил од законот, таа рече дека неговата изјавата не ја протолкувала негативно и дека ќе ја почитува одлуката на партијата каква и да е.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...