Потпретседателката на Собранието и пратеничка од СДСМ, Фросина Ременски, ја предводи македонската делегација во хрватскиот Сабор каде денеска беше ратификуван Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
Во делегацијата со неа е и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Протоколот беше ратификуван со 116 гласови „за“ и два „против“.