По донесувањето на текстот на уставните промени до кои ќе дојде со имплементирање на Договорот од Преспа, што беше утврден на попладневната вонредна седница на Владата, потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски ја истакна важноста на самиот Договор за европската иднина на Македонија.
Таа ги повика сите пратеници да преземат одговорност и да ја послушаат волјата на граѓаните кои гласале на референдумот.
– Откако Владата го објави предлогот, ги повикувам сите пратеници да преземат одговорност за иднината на државата. Ги повикувам сите да го поддржат процесот ида гласаат за уставните измени. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму блокира, останува само да одиме на избори веднаш. Никој да не се надева на амнестија. Нема бегање од одговорноста, волјата на мнозинството граѓани мора да биде и ќе биде испочитувана. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО.- рече Ременски.