Според извештајот на Светската метеоролошка организација (СМО), објавен во Женева, концентрацијата на јаглероден диоксид минатата година достигнала концентрација од 407,8 честички во милион. Тоа е за 47 проценти повеќе од нивоата од прединдустриската ера.
Во 2017 година беше измерена концентрација на јаглероден диоксид во атмосферата од 405,5 честички во милион.
Вториот штетен гас – метанот, исто така, лани постигнал рекорд според концентрацијата во атмосферата – 1.869 честички во милијарда. Тоа е за 159 проценти над нивоата од прединдустриската ера.
Рекордна е и концентрацијата на азотен оксид, што достигнал 331,1 честиски во милијарда. Овие вредности за 23 процент и ги надминуваат прединдустриските ниова од XVIII век.
Во целина, од 1990 година топлинскииот ефект од штетните гасови се зголемил за 43 проценти.