Реконструкција нема да има, партиите ќе ги бркаат забушантите во Владата

592

Реконстуркција е кога премиерот отвора прашања за промена на одредени луѓе, но да им дадеме важност на приоритетите во државата, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за најавената реконструкција на владиниот кабинет.

Премиерот во контекст на ова прашање додаде дека „се јавува потреба политички партии да повлечат свои луѓе“, наместо во овие клучни моменти за државата да се реконстрира владиниот кабинет на барање на Заев, откако претходно беше запрашан што ќе преземе против функционерите што спијат на седници и што не доаѓаат на работа.

Партијата на Турците пред неколку дена побара повлекување на министерот Аднан Ќахил од функцијата, но Заев рече дека ќе ги разгедаат нивните аргументи, додавајќи дека најверојатно станува збор за внатрепартиски поделби.

– Ќе ги разгледаме аргументите, тоа е важно. Истовремено, таа партија од мене побара да почнат преговорите и Македонија да влезе во ЕУ и НАТО. Ќе разговараме, тоа е веројатно експресија на нивни политички поделби кои постојат внатре во партијата – рече Заев.

Поплаки за работата на министер имаше и партијата на Самка Ибраимовски, која од Заев побара да биде разрешен министерот Аксел Ахмедовски, зато што не работел во интерес на Ромите.

Ахмедовски е задолжен за имплементација на стратегија на Ромите и подобрување на нивниот статус, но неговата партија ПЦЕР, тврди дека не ги исполнил стратешките определби и не ги реализирал најавените инфраструктурни проекти.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...