Реконструирани тоалетите во градинката „Пролет“

185

Општина Карпош продолжува со инвестиции во подобрување на условите за престој и грижа за најчувствителната категорија на сограѓани, поточно за децата, информира Општината.

– Финишираше повеќемесечната работа на реконструкција на санитарните јазли во две поголеми градинки на нејзина територија. Притоа, реконструирани се пет тоалети во градинката „Пролет“ од кои четири од нив се во матичниот објект во Влае, а еден е во објектот во Козле. На овој начин, целосно се подобрија хигиенско – санитарните услови во оваа детска установа, односно во нејзини два поголеми објекти, во кои престојуваат речиси 500-тини дечиња од урбаните заедници Влае 1 и „Владо Тасевски“, соопшти Општината.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...