Шпанскиот регулатор за конкуеренција ЦНЦМ ја казни со маскимални 100.000 евра шпанската јавна радио-телевизија, бидејќи за време на пренос на фудбалски натпревар пуштила реклами.
Во денешната изјава од ЦНЦМ се наведува дека телевизијата има објавено 40 различни реклами на 26 и 29 март за време на преносите на натпреварите меѓу Шпанија и Норвешка и Шпанија и Малта.
Радио-телевизијата со тоа го прекршила законот 43.2 од Општиот закон за аудиовизуелна комуникација која ги регулира финансиите на давателите на услуги за јавна аудиовизуелна комуникација.
ЦНМЦ ја наметна максималната парична казна бидејќи Шпанската радио-телевизија во минатото трипати била санкционирана поради истите причини.
Радио-телевизијата има рок од два месеци за жалба. Шпанската радио-телевизија се уште не ја прокоментира казната