Мојата кандидатура го носи симболот на единството на Албанците, а тоа го покажува и зборот што јас го употребувам „сојуз-беса“ што произлегува од двата политички субјекти кои ја поддржуват мојата кандидатура, вели пред граѓаните на Арачиново, Блерим Река, претседателскиот кандидат поддржан од партиите Алијанса за Албанците и Беса.
Тој на денешната средба со граѓаните на Арачиново ги повика гласачите да гласат за неговиот концепт „Република за сите“ затоа што, како што вели, со тоа тие веќе нема да бидат граѓани од втор ред.
– Партиите што се на власт нудат општество за сите, но ние сакаме држава за сите, а денес државата не е за секого. Ние не треба да станеме машина за гласање, вие имате моќ да изберете за кој сакате да гласате: за вашиот брат или за вашиот сосед – рече Река и повика да не прифатат понуди кои се штетни за Албанците.
На средбата со граѓаните на Арачиново присуствуваа и лидерите на двете подржувачки парти Алијансата за Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами.
Села, истакна дека се решителни да изградат здрав систем на управување, заедно со гласовите на Албанците.
Лидерот на Беса, Касами рече дека многу е важно во оиве избори да се поддржи албански кандидиат.
– Доста веќе покажеме дека сме Европејци гласајќи ги другите. Време е другите да покажат дека се Европејци и да гласат за кандидиат Албанец, како што е проф. Блерим Река. И Река не е во оваа трка, бидејќи е Албанец, туку затоа што тој во секој поглед е подобар кандидат од другите двајца кандидати – рече Касами.