Река: Не го прифаќајте концептот на статистичка нација

245

Кандидатот за претседател, Блерим Река на вечарашната средба со жителите на велешкото село Јаблочиште истакна дека Републиката не ја признава дозираната демократија за „статистички нации”, на кои им се дозволуваат толку права во зависност од тоа колку проценти се.

– Не дозволувајте да ве убедат дека дури и по 30 години не треба да гласате за себе. На 21-ви април бидете свои. Не дозволувајте со вашиот глас да ја протерате и последната идеалистичка младина. Сведочете дека не го прифаќате концептот на статистичка нација. Покажете дека не сте само гласачи туку и гласани – рече Река.

На средбите со граѓаните станало збор за корупцијата, непотизмот и организираниот криминал, како главна причина за губење на довербата на граѓаните и главна причина за масовно иселување од државата.

– Само владеењето на правото во една вистинска Република ќе го искорени управувањето на олигарсите и ќе го врати владеењето засновано на отчетност. Судбината на овој народ не може да остане заложник на поединецот, или било коj да е тој – истaкна Река.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...