Поранешниот кандидат за претседател на државата Блерим Река ги повика граѓаните на 5 мај да излезат масовно на гласање, за, како што рече тој, да го спасат евро-атланскиот процес.
Река на својот Фејсбук пост им се заблагодари на граѓаните за покажаната поддршка за неговиот концепт во првиот круг од претседателските избори и дека близу 80.000 гласови, за само три недели во политиката и не се малку.
„Дозволете ми уште ендаш да ви се заблагодарам за вашите гласови за мојот концепт за ‘Една Република за сите, со законот над сите’: како члeнка на НАТО и ЕУ. Близу 80.000 гласови, за само три недели во политиката и не се малку, oсобено дадени на председателски избори со досега најниска излезеност (42 отсто) и највисок број на неважечки гласачки ливчиња, 33.000“.
Река во постот додава дека право на граѓаните е да одлучат за кого ќе го дадат својот глас на вториот круг.
„Почитувајќи ги вашите гласови, уште еднаш ќе повторам: тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на вас е да одлучите за кого ќе гласате на вториот круг. Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата претседателска кампања: јас, не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб – владеење на правото. Зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партијските лидери како обични трговци со гласовите на народот?“, напиша Река на својот Фејсбук профил.