Река: ДУИ и ДПА водат хибридна војна против мене и моето семејство

605

Кандидатот за претедател на Република Северна Македонија, Блерим Река, во вечерашната дебата на ТВ 21, ги обвини ДУИ и ДПА за водење хибридна војна против него и неговото семејство.

– Имам забелешки за валкана војна и хибридна војна што се води против мене, а во последната недела и со говор на омраза против мене и моето семејство. Тоа се двете албански партии ДУИ и ДПА, кои отворија специјална војна против мене. Се надевам ОБСЕ/ОДИХР тоа го нотираа, а ние поднесовме и претставка – изјави Река.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...