Река: Дојде време за претседател Албанец

59

Кандидатот за претседател Блерим Река во придружба на лидерите на Алијанса на Албанците и Беса вечерва одржа митинг пред жителите на Брвеница.

Во своето обраќање, Река рече дека неговиот концепт е за универзална Република за сите граѓани, за владеење на законот и правда за сите.

–  Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална, за сите граѓани на оваа земја. Македонија како мултиетничко општество не може да функционира како моноетничка земја. Затоа на 21 април вашиот глас е глас за промена, глас против корупцијата и против неправдата – им порача Река на жителите на Брвеница.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...