Река го обвини Ципрас дека поткупувал гласови во Парламентот, но го поддржа Договорот

264

Движењето Река на вчерашниот состанок на политичкиот совет одлучи дека останува во опозиција, но паралелно не ја менува одлуката донесена на Конгресот дека проблемот со името треба да се реши, јави дописничката на МИА од Атина.

„Река на секој начин опозициски ќе биде против владиното мнозинство. Изнудувањето на глас за доверба беше со користење на сите стари партиски методи на рушвет и тоа е удар на демократијата. Во исто време нашето движење останува цврсто на одлуката на Конгресот дека проблемот со ПЈРМ треба да се реши и Грција треба да биде протагонист во отворањето на европскиот пат за соседната земја“, се главните заклучоци од синоќешниот состанок на политичкиот совет на кој присуствуваа лидерот Ставрос Теодоракис, пратениците и европратениците од Река.

Едногласно било заклучено дека партијата во патриотските прашања не се поставува размислувајќи на партискиот интерес, ниту менува ставови врз основа на околностите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...