Реисот Реџепи: Не сме на иста страна со Владата, ова нема да им го заборавиме

871

Од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада. Ова лошо нема никогаш да им го заборавиме, изјави вечерва поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

Тој одржа говор по повод случувањата во ИВЗ, каде што упадна финансиска полиција и го проверуваше работењето на Исламската верска заедница.

Ријасетот на Исламската верска заедница, како што јавивме претходно, одржа вонредната седница во Факултетот за исламски науки во Кондово по најавите за промена на поглаварот на ИВЗ врз основа на судско решение.

Според судското решение, како што изјави за медиумите Скендер Бузаку од утре ќе биде новиот поглавар на Исламската верска заедница.

– Бузаку е отпадник од ИВЗ , па дури и од Исламот , се колнам во Алах, ако е тој муслиман тогаш и кучињата се муслимани – рече Реџепи.

Тој рече дека одлуката на судот е авантура за судството. Пред сите муфтии на вонредната седница на Ријасетот, Реџепи рече дека Бузаку никогаш нема да биде реис.

– Тој кога ќе биде реис ул улема, тогаш нема да постои Исламска верска заедница – заклучи Реџепи.

Мухамед Вејсели од ИВЗ, истакна дека Сулејман Реџепи и натаму ќе  раководи со ИВЗ се додека ја има довербата од Ријасетот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...