Поглаварот на ИВЗ Реисот Сулејман Реџепи на Фејсбук го благослови албанскиот претседател Илир Мета дека добил албански пасош.
– Господ да го благослови претседателот Мета, господ да ја благослови Албанија, напиша реисот.
Тој јавно му се заблагодари на Мета, кој му овозможил да му се оствари оваа негова желба.
– Почестен сум од овој потег на албанскиот претседател. Со овој пасош чувствувам дека сум дел од албанската држава, напиша Реџепи на Фејсбук.