Резултатот од анкетата за референдум предизвикува доза оптимизам

526
20151019 Monday 1347 luge gragani gragjani ulici tolpa skopjani anketi anketa

Разликата од 6,4 проценти во корист на анкетираните граѓани во Македонија кои би дале поддршка на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот од Преспа“, се чини предизвикува доза на оптимизам во Атина и Скопје.

Ова е оценката на дел од грчките медиуми кои ја пренесуваат анкетата за референдумот во Македонија. Според резултатите од испитувањето на јавното мислење, кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 1 август, поддршка за референдумското прашање би дале дале 41,5 проценти, а против се изјасниле 35,1 проценти.

„Анкета – ПЈРМ: Водство на оние што би гласале „да“ на референдумот“; „Со 41,5% е во предност „да“ за прашањето за името на ПЈРМ, според анкета“; „Поделени граѓаните во ПЈРМ во пресрет на референдумот“; „Истражување – ПЈРМ: Водство од 6,5% за „да“ за Договорот од Преспа“; „Во Скопје, во водство е „да“, избори се можното сценарио“, се дел од насловите во вчерашните онлајн изданија на грчките медиуми.

– Веруваме дека мнозинството граѓани на референдумот ќе се изјаснат за Македонија како членка на ЕУ и НАТО и дека ќе порачаат до избраните пратеници дека тоа е иднината која им ја посакуваат на своите деца и на своите семејства – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за одбрана Радмила Шекеринска во синоќешното интервју на Канал 5 телевизија.

Таа посочи дека неколку пати кажале дека ќе ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.

– Сакаме да ги консултираме граѓаните околу имплементација на Договорот со Грција, која подразбира уставни измени кои ќе ги прави Собранието на РМ. Сметавме дека каков и да биде референдумот клучната порака, клучната политичка одлука која ја донесовме и во соработка со најголемиот дел од парламентарните политички партии е дека ќе го слушнеме гласот, мислењето на мнозинството граѓани и дека истото ќе го почитуваме – рече Шекеринска.

Сите главни политички партии, потенцира таа, се изјаснија во поддршка на одржувањето на референдум и додаде дека најголемата опозициска партија десет години зборува за потребата од референдум.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...