Резилот на Катица Јанева ќе го читаат само пратениците со безбедносен сертификат

666

Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски кој вчера го доби изештајот од Советот на обвинители за разрешувањето на осомничената обвинителка Катица Јанева во аферата „Рекет“ под назнака  „доверливо“ се очекува претпладнево да објави кога ќе ја закаже расправата која најверојатно ќе се одвива зад затворени врати и во присуство само на оние пратеници кои имаат безбедносен сертификат.

Одлуката дали седницата ќе биде затворена за јавноста ќе ја донесат членовите на комисијата.

Од собраниски извори дознаваме дека седницата би можела да биде закажана уште утре затоа што не се очекува да има денгубење поради потребата пратениците, членови на собраниската Комисија кои ќе одлучуваат за дневниот ред на седницата и за предлогот дали да се разреши Јанева да имаат сертификат за следење класифицирани информации.

Потребно е како што велат во Собранието, мнозинствотото пратеници да имаат безбедносен сертификат за да може да се изгласа предлогот, но таму не знаеја колку од членовите поседуваат таков документ. Деталите за ова и денот на седницата денеска ќе ги открие Димовски, претседаелот на Комисијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...