Резервата Роналдо херој за Јувентус на гостувањето кај Аталанта

277

Италијанскиот шампион Јувентус одигра само 2:2 на гостувањето кај солидниот тим на Аталанта во натпревар од 18-тиот круг на Серија „А“.

Домаќините си постигнаа авто-гол во втората минута по центар-шут на Алекс Сандро. Запата се изедначи во 24-тата минута, а потоа донесе комплетен пресврт во 55-тата минута.

Две минути пред тоа (53) Бентанкур беше избркан од составот на „бјанконерите“. Кристијано Роналдо, кој гопочна дуелот од клупата, сепак изедначи во 78-та минута и донесе бод за италијаснкиот хегемон.

Роналдо за прв пат остана на клупата оваа сезона. За последен пат тој беше резерва во шпанскиот Суперкуп жпомеѓу Барселона – Реал Мадрид (1:3) на 14 август 2017 година, а во шампионатен натпревар, последниот сличен случај датира од 11 мај 2013 година, кога Реал ремизираше 1:1 како гостин на Еспањол.

Од тој момент, тој секогаш е или помеѓу стартните 11 или е отсутен од групата од различни причини.

Резултати од Серија „А“, 18.коло:

Фросиноне – Милан 0:0
Фиорентина – Парма 0:1
Аталанта – Јувентус 2:2
Болоња – Лацио 0:2
Каљари – Џенова 1:0
Сампдорија – Киево 2:0.

До крајот на денот се играат останатите дуели од меѓуколото во Калчото, а се среќаваат Рома – Сасуоло, Торино – Емполи, СПАЛ – Удинезе и дербито на „Меаца“ помеѓу Интер и Наполи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...