Филмот „Џокер“ ги собори сите рекорди на гледаност, а режисерот Тод Филипс ги израдува фановите велејќи дека вреди да се снима продолжение.
Иако тие во моментот не работат на тоа, рекол тој, тој би се согласил на тоа само ако маестралниот Хоакин Феникс повторно се најде во главната улога.
– Тоа не би можело да биде само див и луд филм за ‘Принцот на криминалот’. Треба да има некоја тематска резонанца на ист начин како и првиот филм. Толку многу филмови ја споменуваат искрата, но Џокер беше барут. Ако бидеме во состојба повторно да го сториме сето ова во продолжението, тоа ќе биде доста интересно – рекол Филипс.
Шпекулациите за продолжението на филмот почнаа во август, а Филипс тогаш изјави дека ќе стори сè само за актерот Хоакин Феникс повторно да ја оствари улогата на Џокер, пренесува Klix.ba.
„Џокер“ ја надмина заработувачката од милијарда долари и е трет најголем ДЦ филм за стриповските јунаци после „Dark Knight Rises“ кој заработи 1,084 милијарда долари и „Аквамен“ кој направи заработувачка од 1.140 милијарда долари.
FOTO: Printskrin